И покрај забраната за движење во шума, четворица крушевчани на возраст од 19, 20, 24 и 26 години, од селото Врбовец со автомобил биле затекнати во шумски предел.
Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени записници за констатиран прекршок согласно одребите на Законот за шуми по член 57 став 3, спротивно на член 106 став 4 „Движење во шума за време на целосна забрана“.






