Досега приведени петмина осомничени за подметнување пожар

Синоќа бил приведен 34-годишен жител на гостиварското село Добридол, кој се сомничи дека го предизвикал пожарот во селото соопшти Министерството за внатрешни работи.



Ова е петто приведено лице осомничено за предизвикување пожар во последните три дена.

Вчера беа приведени по едно лице за пожарите во прилепско и радовишко, ден претходно за пожар во ресенско, а на 4 август беше лишен од слобода албански државјанин за пожарот над село Пожаране, Општина Врапчиште.

  • Полициски службеници постапуваат и во врска со двете осомничени лица за пожарот кај Блаце и во координација со јавен обвинител за пожарот кај Старо Нагоричане.