По одлуката издадена утрово од Националниот комитет за вонредни ситуации, авион Ц-27 Ј Спартан, конфигуриран за гаснење пожари, како и авион Ц-130 Херкулес, за логистичка поддршка, полетаа околу 10,00 часот по романско време за Скопје за да интервенираат во областите погодените шумски пожари, јавуваат романски медиуми.
Авионите ги опслужуваат околу 15 војници – пилоти, навигациски и помошен персонал.
За авионите на романското воздухопловство, тоа е втора меѓународна мисија од овој тип, прва во јули 2018 година, во Грција.
Авионот Ц -27 Ј Спартан, конфигуриран за гаснење пожари, може да носи шест контејнери или 6.000 литри вода за гаснење пожари.






