Џамбаски за пожарите во Македонија: „Гори бугарска земја“

Европратеникот Ангел Џамбаски не успеа да се воздржи и уште еднаш упати провокација на сметка на Македонија и тоа во контекст на пожарите кои беснеат и за кои помош пристигна од Србија, Словенија, Австрија но и од Бугарија…



Истовремено, Џамбаски му реплицира на лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов кој изрази мислење дека Бугарија не треба да ѝ помага на Македонија бидејќи, според него, кога во исто време гори и твојата куќа, не одиш да ја спасуваш онаа на соседот“

„Човечката трагедија не може и не треба да се политизира, а камоли да се користи за популизам и расчистување сметки. Кога гори с. Македонија, гори бугарска земја. Кога бугарската страна на с.Македонија помага да се справат со пожарите, таа помага не само на соседната земја, туку им дава поддршка на сонародниците и го запира влезот на пожарот во нашите граници.

Ова на тема “горење на куќата на соседот истовремено со вашата“, напиша Џамбаски на Фејсбук