Македонски состојби: Новинар напиша одлична поема на тема пожари

Испровоциран од состојбата со пожарите Делчевецот Васил Маневски кој студирал филозофија и новинарство во Белград и Скопје објавува одлична поема на актуелна тема.



Маневски во поемата бара одговорност и прашува дали авионите ќе гаснат пожари во зима:

ПОЖАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Пожарите ни се најактуелната тема,
Има случајни, има и подметнати,
Огнената стихија голем данок зема,
И ова лето ли властите беа затекнати?

Во гаснењето затајува координацијата,
Опрема на пожарникарите минимална,
Оправдано е револтирана нацијата,
Состојбата на теренот е ужасно жална.

Одговарност за сторено и за несторено,
На тие, што за тоа државата ги плаќа,
Огромно шумско богатство е изгорено,
Тоа со децении ќе треба да се враќа.

Ако неказнето поминат виновниците,
За злосторствата против природата,
Да им се арам платите на правниците,
Пиромани не ја заслужуваат слободата.

Се покажа некадарноста на одговорните,
За јавашлукот прошка не смее да има!
Ако во лето не ги сервисирале авионите,
Зарем шумските пожари ќе ги гаснат в зима?!

Васил МАНЕВСКИ
(Македонските состојби)

Песната на Маневски е хит на социјалните мрежи