Молк во Македонија по повикот за одржување „сенационален протест“ на Албанците против „Отворениот Балкан“
„Да се одржат сенационални, сеалбански протести против формирањето на Новата Југославија!“ – ова е повикот на Фатон Курти, лидерот на новооснованата Републиканска партија на Косово, на бранот на големите и многубројни реакции особено во Косово, поради регионалниот договор за соработка „Отворен Балкан“, кој Косово категорично го отфрли, иако премиерот на Албанија Еди Рама го потпиша заедно со српскиот претседател Вучиќ и македонскиот премиер Заев.
Во својата објава на фејсбук – мрежата, која ја пренесе косовскиот весник „Бота сот“, Курти напиша: „Денес не ни треба збор, туку дејство, за да го спасиме нашиот народ од новото предавство. Не ни е потребно братство – единство со оние кои го одрекуваат геноцидот врз албанскиот народ. Да се одржат сенационални протести против формирањето на Новата Југославија. Да, или не?“
Се уште нема одгласи по овој повик дали ќе се одржи таков протест и на Албанците во Македонија.






