Ноќва во рубриката Топ Твитови која ја објавува генераторот на вести Тајм.мк најсподелуван е твитот на извесен Стојанче Трајков кој објавува застрашувачка информација дека постои опасност огнот во близина на Свети Николе да дојде до воен склад кај селото Криви Дол каде има голема количина експлозиви.

“Отиде цел Богословец за жал пожарот се шире накај Криви дол кај што има воен магацин и преку 100 тони експлозив…”, напишал Трајков според кого сите спасители од Богословец се упатиле кон воениот магацин за да се обидат да спречат огнот кој е без никаква контрола да дојде до експлозивот.
Предходно дел од медиумите објавија дека во Богословец се изгорени неколку куќи но дека нема жртви но нема медиумски извештаи за интервенција на Армијата за дислокација на експлозивот.
За ситуацијата кај Криви Дол за која јавува Трајков ноќва нема потврда ниту никаква информација од ЦУК или од некоја друга државна институција.
Во Богословец вечерва немало противпожарни возила.
Отиде цел богословец за жал пожарот се шире накај криви дол кај што има воен магацин и преку 100 тони експлозив…
— С.Т (@StojanceTrajkov) August 5, 2021






