Портпаролот на Скопје Салиху не демантира дека Шилегов е на одмор во Хрватска

Помина еден час откако на Твитер од портпаролот на град Скопје Валон Салиху беше побарано да демантира дека градоначалникот на Скопје не е во Скопје туку на одмор во Хрватска но досега нема таков демант.



Според Твитерџиите кои го тагираат Салиху градоначалникот на Скопје Шилегов не е во Скопје додека градот и земјата се соочуваат со пожари.

Според нив Шилегов е во Хрватска на имотот на Љубе Бошковски.

Паралелно со можното отсуство на Шилегов од Македонија молчи и МВР од каде нема реакција за информациите дека министерот Оливер Спасовски не е во земјава затоа што заминал на одмор.

Македонија гори: Каде е министерот за внатрешни работи?