се уште е активен пожарот во околината на Пехчево и се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик. На терен се пожарникарите, припадниците на Армијата, а во секој момент се очекува да пристигне и специјална ПП единица од Словенија…
Опожарена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта. Интервенираат хеликоптери, сто припадници на Армијата, 20 ренџери, дел од екипата од Бугарија, ШС Равна Река – Пехчево со 30 вработени со две теренски возила со цистерни и четири возила за превоз, ШС Малешево – Берово со 15 вработени со две теренски возила со цистерни и две теренски возила за превоз, ТППЕ Берово со три ПП возила и седум пожарникари, ТППЕ Скопје, Штип и Струмица со по две пожарникари со едно ПП возило, ДЗС со едно теренско возило со цистерна и четири вработени, РЦУК Берово со еден вработен, ЕВН со шест теренски возила за превоз, 35 луѓе од месното население.
од вечера новиот директорна Цук, Стојанче Ангелов, изјави дека пожарот ќе биде ставен под контрола по интереевнцијата на хеликоптери од Србија и од Македонија,







