Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, вели дека останува доследен и нема да го промени името на Фудбалската федерација на Македонија.
„Уште на почетокот кажав и во многу наврати повторував дека ниту јас сум го ставил името на Фудбалската федерација на Македонија, ниту јас можам да го сменам тоа име. Единствен орган кој може да го смени името на Фудбалската федерација на Македонија е Собранието на ФФМ. Така да, Муамед Сејдини и натаму ќе остане доследен и ќе ги почитува сите правила“, истакна Сејдини на денешната прес-конфернција одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот Зоран Заев во интервју во „Топ Тема“ пред повеќе од еден месец изјави дека Фудбалската федерација на Македонија треба да го промени своето име според „Преспанскиот договор“.







