ИТН одбива писмен договор за коалиција, ќе го врати мандатот!?

„Има таков народ“ категорично одбива да потпише договори со другите партии – БСП, „Демократска Бугарија“ или „Исправи се БГ! Доаѓаме!“(ИСБНИ) – со кои преговара за формирање влада, изјави пратеникот од партијата на Трифонов, Станислав Балабанов.



„Дадениот збор, моралот и достоинството се многу поважни од потпис.

Ќе го вратиме мандатот за формирање влада во законскиот рок, кој истекува во петок“, рече тој.

Сепак ИТН не ја затвора вратата за дополнителни преговори, категоричен беше пратеникот според кој „Демократска Бугарија“ и ИСБНИ остануваат најприфатливите партнери. News.bg.