В.д. директорот на Центарот за управување со кризи пред два дена ги отфрли сите критики на негова адреса околу справувањето со пожарите во Македонија и се закани дека ќе си замине од државата доколку се докаже дека „потфрлил“ за пожарите“.
Не само што отфрли одговорност, тој рече дека “треба да биде награден бидејќи го спасил Кочани“ од силниот пожар кој се закануваше на овој град.
Се чини, молбата му беше услишена: Владата на вчерашната седница донесе одлука Стојанче Ангелов, кој досега беше вршител на должност директор, да го именува за директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Пет дена претходно, како што објави Макфакс, Ангелов на Твитер го објави огласот на Владата за директор на ЦУК и неговата намера да конкурира за директорското место сметајќи дека тој е најдобар за таа функција.







