Како се истребуваат македонскиот пркос и принципиелни функционери

Филмскиот работник Иво Антов дава три примери преку кои може да се види како власта поради политички и партиски пресметки или искажан пркос уништува односно менува принципиелни државни функционери.



“Стојко Пауновски “пркосеше”,работејќи принципиелно, го разрешија.

Д-р Гроздановски, кој ја објави бруката од табла на Дерматовенерологија, доби отказ на три години пред пензија.

Ана Петровска ќе ја разрешат,зашто почна да пронаоѓа и казнува загадувачи.

Вие гледајте си вести”, пишува Антов по трите инциденти во кои се сменети или избркани тројца принципиелни луѓе кои им по сметаа на владините и партиски комбинаторики.

Тој вели дека и порано се случувало истото но тогаш јавноста не слушала кои функционери се” тргале” и зошто.