Машиновозачите добија јунска плата – возовите пак возат

Прекинат е бојкотот на машиновозачите кои вчера попладне ги запреа возовите барајќи да им се исплати неисплатениот дел од јунската плата.



Откако, денес им беше исплатен остатокот за јуни, штрајкот беше прекинат, но синдикалните преставници велат дека пак ќе прекинат со работа, ако до 25август не ја добијат јулската плата.

„Законскиот рок за исплата на јулската плата е до 15 август, но еве, од нас даваме 10 дена, односно бараме најдоцна до 25-ти август да ни биде исплатена јулската плата. Во спротивно, во 7 часот на 26-ти јули, возовите ќе престанат да сообраќаат. Сега имавме состанок со раководството и со надлежните во Министерството за транспорт и тоа јасно им го кажавме, изјавиДушко Чакаровски, претседател на Независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонија за „Слободен печат“

Машиновозачите уште бараат да им се врати стариот процент за надоместок на квалитет. До јули процентото бил 30, а од јули се намалил на 20.