Металург загуби од Монпеље со 32-22 на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите. Нашиот вице првак беше рамноправен противник само во првите десетина минути од мечот, но потоа следуваше серија на противникот од 7-1 и веќе на половина од првото полувреме беше јасно дека Металург нема никакви шанси во соочувањето со Монпеље. Металург на одмор замина со негатива од осум погодоци (10-11), а на стартот од второто полувреме Монпеље во еден момент стигна до двоцифрена предност.
Металург успеа да се доближи на минус шест, но тоа беше максимумот од македонскиот втим кој немаше сили дополнителна неизвесност, па во финишот Мопеље повторно почна да го зголемува водството и на крајот стигна до убедлив триумф. Најефикасен во победничкиот тим со шест гола беше Михаел Гигу, пет беа дело на Бенјамин Агфур, а четири пати прецизен беше Мелвин Ричардсон. Во составот на Металург, Халил Јагањац постигна шест погодоци, пет беа дело на Филип Кузмановски, а по четири пати во листата на стрелците се запишаа Мартин Велковски и Жарко Пешевски.
„Резултат покажува кој тим бил подобар на теренот. Имаме млада екипа и не можевме да се носиме со Монпелје, домаќините одиграа цврсто во одбраната, а ние немавме решение за нивната зона. Како и да е, се уште верувам дека пред нашиот тим е добра иднина и се надевам дека ќе играме многу подобро против Бешикташ“ рече по мечот тренерот на Металург Лино Червар.
Металург на 24 септември (недела) во второто коло од групата Д на домашен терен игра со Бешикташ.




