Во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на КОВИД-19 и три починати лица. Починатите лица се две од Гостивар (68г и 86г) и едно лице од Скопје (82г) и сите се починати во болнички услови. Најмногу има во Тетово – 60, потоа следуваат Скопје – 34, Гостивар – 21, Куманово и Битола – по 8, Струмица, Кичево и Дебар – по 5, Штип и Кочани – по 4, Прилеп и Струга – по 3, Берово – 2, Охрид и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кичево – 1.
Направени се 5.276 тестови. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.707 бројката на оздравени пациенти е 150.440, на починати е 5.497, а бројот на активни случаи изнесува 770.





