Бугарија испраќа 25 пожарникари, 3 пожарни и 2 амбулантни возила

Техничкиот премиер на Бугарија Стефан Јанев, наредил да се испрати помош на Македонија за поддршка за справување со пожарите, јавуваат бугарски медиуми.



Од прес-службата на бугарскиот Владин кабинет, соопштија дека Бугарија ќе ја поддржи Македонија преку механизмот за взаемна помош.

Пред два дена македонскиот претседател Стево Пендаровски, а потоа и премиерот Зоран Заев се обратија до бугарските колеги Румен Радев и Стефан Јанев со барање за можна поддршка во справување со пожарите.