Проф. Даскаловски со анализа: Кој, каде и зошто може да победи на локалните избори

Професорот по политички науки Жидас Даскаловски објавува анализа во која дава информации за можните победници на локалните избори врз основа на трендовите и бројките што ги има како научник.



“Од 2020 до денес има помрднувања на рејтингот на партиите каде што тој на национално ниво на анкетите кои ги објавуваат опозициски медиуми, рејтингот на СДСМ благо но сигурно опаѓа, на Левица благо расте а на ДУИ, АА-Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ е релативно константен. Треба да се има и на ум воведувањето на машини, односно гласање со отисок на прсти. Тука можно е да се намали злоупотребата на гласовите, гласањето во име на друг, фиктивното гласање и слично, процеси кои вообичаено им додаваат гласови на партиите на власт. Конечно, мора да земеме предвид дека постојат, или се можни одредени предизборни коалиции. Во моментов СДСМ и Беса, најавија коалицирање односно взаемна поддршка со кандидати од ДУИ, и/или ДПА. Во иднина можеби ќе видиме и други коалиции, а можно е и да се постигнат договори за поддршка кои нема да бидат обзнаени во јавноста. Имајќи го предвид горенаведеното еден преглед на изборните резултати од минатата година на општинско ниво ни укажува состојбите се доста интересни во однос на трките за градоначалнички места”, пишува Даскаловски во анализата за Хералд.мк. Спореднкија ВМРО-ДПМНЕ и партнерите веројатно ќе победат во дузина општини како на пример: Сопиште, Кавадарци, Кисела Вода, Илинден, Петровец, Македонски Брод, Вевчани, итн.

“Разликата помеѓу гласовите за ВМРО-ДПМНЕ и тие на СДСМ дури и кога би се додале гласовите на ДУИ и ДПА како и на сите други партии (Левица, Интегра, Глас за Македонија, Единствена Македонија, итн.) е во полза на ВМРО-ДПМНЕ што би значело дека при приближно иста излезност како и минатата година, на партијата ќе и биде доволно да мобилизира барем ист број на гласачи како во 2020 година за да победи. Таа бројка е скоро во сите општини помала од резултатот во втор круг на проф. Силјановска Давкова така што може да се претпостави дека ВМРО-ДПМНЕ има капацитет за таков резултат. Покрај дваесетте вакви сигурни општини во десетина ВМРО-ДПМНЕ има големи шанси за да победи но со привлекување и на гласови на други партии и/или на АА-Алијанса (на пример, Бутел, Неготино, Охрид или Зелениково)”, пишува професорот.

Повеќе детали на Хералд.мк