Стотици навивачи на Динамо се судрија со навивачи на клубот Легија од Варшава, во загребскиот кварт Дубрава.



Бројни навивачи на полскиот тим, познати по хулиганските испади дома и во странство, допатуваа во Загреб ден пред првиот натпревар помеѓу Динамо и Легија во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, што се игра на Максимир денеска во 20 часот, јави Индекс.хр.

На едно од многуте видеа што кружат по социјалните мрежи се гледаат полски навивачи како седат во кафуле, кога навивачите на Динамо трчаат и ги напаѓаат.

Маскирани нвивачи на Динамо ги нападнаа опремени со летви и палки и фрлаа факели…

Полјаците одговориле со шишиња, пепелници, столови и маси и откако го искршиле инвентарот на кафулето, тргнале да се повлечат пред “Бед блу бојсите.

Во тепачката учествувале околу 200 навивачи на Динамо, додека бројот на Полјаците се проценува на 150.

Разбиените полски хулигани отако се повлекле, биле со полициски возила.