Уште двајца спортисти одбија да се вратат во Белорусија овина – седмобојкатаЈана Максимова и нејзиниот сопруг, атлетичарот Андреј Кравченко, објави Дојче веле.
Претходно, нивната сонародничка Кристина Тимановска, која пристигна во Јапонија за да учествува на Олимписките игри, побара политички азил во полската амбасада во Токио.
„По сите настани во Белорусија, немам намера да се вратам. Имам мала ќерка, не можам да ризикувам. Јас сум еден од оние луѓе кои не можат да молчат”. – изјави Максимова, која во моментов е со своето семејство во Германија.
Таа во објавата на Инстаграм појасни дека истата одлука ја донел нејзиниот сопруг Андреј Кравченко, кој е еден од од 400-те спортисти кои во август 2020 година потпишаа отворено писмо во кое го осудија местењето на претседателските избори во Белорусија и насилството од властите против мирните демонстранти .
Кратко потоа, тој беше исфрлен од белорускиот тим.






