Српски министри во Скопје прават анализа како да и се помогне на Македонија

Откако Македонските власти целосно потфрлија во битката со елементарната стихија што во вид на пожари ја зафати земјата анализи за начинот на битка сега прават и српски министри.



Лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ попладнево објави дека српските министри веќе пристигнале во земјава.

“Во Македонија штотуку пристигнаа не само хеликоптерите туку и министерот за внатрешни работи на Република Србија Александар Вулин и српскиот помошник министер за кризни ситуации Лука Чаушиќ. Со македонските официјални органи се разгледуваат можностите како најдобро да ѝ се помогне на Македонија во овие тешки моменти. 🇲🇰🇷🇸”, објави Стоиљковиќ.

Македонија нема ниту еден авион за гаснење пожари откако власта две години не успеала да ги сервисира трите Канадери што ги купи предходната влада на ВМРО-ДПМНЕ а кои не се одржуваат соодветно.

Сервисот за трите Канадери чинел околу 400 илјади евра или сто илјади помалку од парите што ќе се потрошат за 20 години прослава на Охридскиот рамковен договор.