Терористичката организација „Деца на огнот“ ја презеде одговорноста за подметнувањето пожари на турскиот брег, каде се наоѓаат познатите летни одморалишта Бодрум, Мармарис и Анталија.



Најмалку осум лица загинаа во пожарите, а околу 400 се здобија со изгореници.

Организацијата, поврзана со Курдистанската работничка партија (ПКК), која Анкара ја смета за терористичка, рече дека ги предизвикала пожарите „затоа што турскиот режим не разбира друг јазик“.

„Затоа е време режимот да падне на колена“ велат тие.

Турскит претседател Таип Реџеп Ердоган се закани дека жестоко ќе се пресмета со подметнувачите на пожар.