ГЕРБ на Борисов ќе гласа против влада на „Има таков народ“

Пратениците на ГЕРБ која е втора по бројност пратеничка група во новото 46. Национално собрание на Бугарија, ќе влезат во пленарната сала кога ќе се гласа владата предложена од „Има таков народ“.



Со тоа ГЕРБ ќе го оневозможи изборот на владата предложена од партијата на Слави Трифонов.

Во случај пратениците на ГЕРБ да не се појават во салата, тоа ќе го намали кворумот и владата може да биде избрана од 89 пратеници…Ако партијата остане на гласањето, изборот на кабинет ќе бара повеќе гласови – до 121, во зависност од тоа колку пратеници ќе бидат присутни во салата.

Во изјава за „Дневник“, лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов коментира дека неговата партија не ги заслужува навредите со постојано повторување „без ГЕРБ“.

„Да ми се јавеше Слави Трифонов за да ми каже ‘колега, ми требаат гласови, ајде да одлучиме како да избегнеме брзи избори, кои никој не знае што ќе променат’, би размислил, но сега само ќе одбијам“, вели Борисов.

Според екс -премиерот Борисов, одговорноста за формирање влада и водење значајни политики во моментов – за буџетот, планот за обновување и одржливост, спротивставување на растечката миграција… лежи на плеќите на партијата на Трифонов.