Педофилски скандал ја урна владата, Исланд пак оди на ибори

За неполни две години Исланд по втор пат оди на предвремени избори откако владејачка коалиција се распадна под гневот на граѓаните предизвикан од – педофилиски скандал.



Премиерот Бјарни Бенедиктсон беше принуден да распише предвремени избори во земјата, втори за помалку од две години.

Имало сериозно прекршување на довербатата во владата, откако се појавија обвинувања дека премиерот се обидел да ја прикрие улогата на татко му во расчистувањето на евиденцијата за еден осуден педофил.

Премиерот Бенедиксон во петокот свика предвремени избори откако помалиот коалициски партнер, Партијата за светла иднина ја напушти деветмесечната влада, поради сериозно нарушување на довербата пред граѓаните.

Предвремените избори се закажани за ноември.

-Го изгубивме мнозинството и не гледам ништо што укажува на тоа дека можеме да владееме. Свикувам избори – изјави Бенедиктсон на новинарите.

Неговата Партија за независност, Партијата за реформи и Партијата за светла иднина, формираа коалиција со тесно мнозинство лани по изборите во октомври, кои беа свикани откако поранешниот премиер поднесе оставка поради скандалот со сметки во даночните реави, медиумски експониран како „Панамаликс“.