Кој ја избркал фирмата за сервисирање на Канадерите при објавен тендер?

При распишан тендер за сервисирање на авионите за гаснење на пожари, некој не дозволил да се склучи договор за сервисирање. Скапо ли му било или нешто друго е во прашање, прашува полковникот Драган Ковачки откако се покажа дека три специјални авиони за гаснење пожар што ги набави владата на ВМРО-ДПМНЕ не се функционални затоа што две години не се сервисирани.



“Претседателе на “нашата земја”, проверете си дали некој требало да земе провизија и колку? Зошто е избркана странската фирма за сервисирање”, прашува Ковачки иронично порачувајќи власта да почека да изгори цела Македонија, па после ќе се дообјаснуваме…

Ковачки во пораката
#ОдговорностМораДаИма
#Неспособни