Сакам да ја информирам јавноста дека хеликоптерите на армијата немаат техничка можност да летаат во ноќни услови. Ова е единствената причина заради која во гаснење на пожарите ќе се вклучат во раните утрински часови.
Ова вечерва го објави претседателот Пендаровски откако јавноста реагираше со бес на информацијата дека авионите на АРМ за гаснење пожари ќе интервенираат изутрина во зкочани каде беснее огромен пожар.
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва една од најопаснкте точки на пожарот во Кочани е во селото Тркање.
Во моментот сум во Тркање-Кочанско, огнот е над селото. Народот се самоорганизира против страотниот пожар, потребна е помош, ова е жалната слика вечерва.
Се даваат надчовечки напори за локализирање на стихијата. pic.twitter.com/bt5M2cBZJw
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) August 2, 2021
Пендаровски изутрина ќе праќа хеликоптери во Кочани, Мицкоски вечерва тргна кон пожарот






