Претседателотѕ на државата и Врховен командант бил информиран од началникот на генералштабот генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски за состојбата со пожарите низ земјата и посебно за големиот пожар во Кочани доцна попладнево.
„Наредбата како Врховен командант за ангажман на армијата со целосен капацитет ја дадов во 16:30 минути. Одобрена е и употреба на воздухопловите, кои денеска веќе интервенираа во Старо Нагоричане, а утре наутро одат на помош во Кочани.

Во текот на ноќта ќе се следи состојбата на терен и ќе се ангажираат дополнителни сили, како и средства за справување со состојбите и помош на населението насекаде каде што има потреба“ објави претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук.
Околу 22 часот вечерва, претседателот Пендаровски со нова објава на Фејсбук по реакциите на јавноста: „
„Сакам да ја информирам јавноста дека хеликоптерите на армијата немаат техничка можност да летаат во ноќни услови. Ова е единствената причина заради која во гаснење на пожарите ќе се вклучат во раните утрински часови“, напиша Врховниот командант.
Обајавата на врховниот командант предизвика реакции:









