Народ, народи, граѓани – Когнитивна дисонанца во илинденските пораки на Заев

За само неколку часа премиерот Заев објави неколку конфузни пораки поврзани со луѓето што живеат во Македонија.



Во една од пораките Заев зборува за неговиот народ за кој не кажува дали е македонскиот или некој друг. Ако зборува за Македонскиот нејасно е зошто не ја користи придавката македонски освен ако под народ подразбира собир на сите граѓани од сите нации што живеат во Македонија.

Но во тој случај тоа значи дека Заев и СДСМ се откажува од македонскиот народ како посебен и различен од останатите етнички групи или народи чии делови според уставот живеат во Македонија.

“Народе мој,
третиот Илинден е нашиот континуитет во афирмацијата на вредностите на кои е изградена нашата држава и кои светот ги прифати како наша специфика и идентитет”, пипува Заев во едната порака.

Во втората порака Заев зборува за граѓани и граѓанки.

“Граѓанки и граѓани на Северна Македонија, нека ни е честит и вековит денешниот светол ден, Илинден – Денот на Републиката”, вели во друга порака премиерот заедно со хаштазите:
#Илинден2021 #Ilinden2021

Во третиот илинденски пост Заев наместо за народот и граѓаните зборува за народите на нашата земја.

“На Илинден во 1903 и во 1944 се дел од низата големи историски случувања коишто го одразуваат континуитетот на државотворната историја и стремежот на народите на нашата земја да создадат сопствена држава, еднаква во друштвото на народите”, вели лидерот на СДСМ во третата од своите конфузни изјави.