Илинден е карпата на која почива Македонија – Мицкоски во Ташмаруништа (ВИДЕО)

На денот на македонската државност лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати во историското Ташмаруништа од каде посочи дека за македонскиот дом ќе биде направено се.



“Илинден е нашата светост. Посебно чувство за секој Македонец. Тоа е нашата голгота, без која немаше да има слобода. Нашата карпа врз која ја темелиме нашата куќа, затоа како Македонци, како родољуби се поклонуваме на делото. Македонија е повеќе од земја, тоа е нашата љубов, нашата мајка, нашето семејство.
За нејзе вреди се.
За нејзе ќе направиме се.

Да сте живи, здрави и вековити.

Честит Илинден Македонијо!!!”, порача во својот говор Мицкоски.

Видеото на Инфомакс.на овој линк: