Цуцуловски: Македонци бидете без грижа – сте биле, сте и ќе бидете

„…Ако некој поседува доволно брутална сила да го уништи фактот за постоењето на македонската нација (не верувам дека тоа некому ќе успее), тогаш останува фактот дека Македонците сепак биле, бидејќи може да се уништи само тоа што б и л о, меѓутоа не и тоа што не било“, порачува професорот Љубомир Цуцуловски.



Затоа Македонци бидете без грижа – сте биле, сте и ќе бидете, колку тоа некому и да не се допаѓало. Но, наедно, бидете доволно будни и мудри за да не може некои да ве третираат како да сте будалетинки или нивна лична сопственост, бидејќи никој не ги избрал, уште помалку овластил, да се поигруваат и потсмеваат со постоењето и историјата на македонската нација“, пишува Цуцуловски на Фејсбук.