Др. Битиќи: Заев е наивен или принуден да оди контра Македонските интереси

Во анализа за состојбата во земјава со наслов: „Заев е наивен играч, или е принуден да се спротивстави на интересите на Македонија“ влијателен албански интелектуалец пишува дека
„Иницијативата за „Отворениот Балкан“, претходно ‘Балкански мини Шенген“ беше создадена, откако не успеа првичниот план за поделба на Косово и за поделба на границите на неговите проектанти Џорџ Сорос, Александар Вучиќ, Еди Рама и Хашим Тачи.



“Зоран Заев имаше двојна поставеност: не сакаше промена на границите, но не го искажа толку отворено своето спротивставување. ‘Отворениот Балкан’ е српско – соросовски проект опасен за Албанците, но и за Македонците и сите народи на Балканот, а Заев – потписникот на проектот е наивен играч на ова бојно поле, или е принуден да им се спротивстави на интересите на својата земја“ – ова се согледувања на д-р Енвер Битиќи, професор по социологија и политички науки на Универзитетот „Александар Мојсиу“ во Драч, Албанија, кои тој ги изнесува во политичката анализа на косовскиот весник „Бота сот“, објавена под наслов „ Се пали алармот за Балканот зад сцената на ‘Мини Шенгенот’, кој дојде како план ‘Б’ – тоа е проект на Сорос“.

Весникот пишува: „Проектот ‘Отворен Балкан“, претходно „Балкански мини Шенген“ се создаде како дел на планот ‘Б’, откако не успеа идејата за промена на границите и за поделба на Косово. Косово продолжува остро да се спротивставува на проектот ‘Балкански мини Шенген’, иако тој се преименува како ‘Отворен Балкан’. Министерката за надворешни работи на Косово Доника Грвала изјави дека иницијативата ‘Отворен Балкан’ претставува опасна идеја за Косово: ‘Оваа иницијатива ја сметаме како опасна, бидејќи се создава впечаток дека имаме алтернатива наспроти нашиот заеднички пат кон ЕУ, како регион.“

„Бота сот“ натаму го цитира професорот Битиќи: „Отворениот Балкан’ е проект опасен за сите Албанци’ – вели и проф.д-р Енвер Битиќи.

Според него, ‘иницијативата за ‘Отворениот Балкан’ е идеја, проект и визија на Џорџ Сорос. Битиќи истакнува: ‘Тој го има објавено овој проект – идеја уште во 1999 година. Неговиот син Алекс Сорос дојде во Тирана спроти самитот во средата и го втисна конечниот печат врз она што ќе се случува во Скопје меѓу Еди Рама, Александар Вучиќ и Зоран Заев, тие тројца неолиберали зачленети во фашистичката организација на Џорџ Сорос. Како таква оваа иницијатива им служи само на интересите на Џорџ Сорос и на Србија.“

Во политичката анализа на „Бота сот“ се посочува мислењето на Битиќи дека „оваа идеја е вратена како дел на планот ‘Б’, или ‘Ц’, откако не успеа поделбата на Косово“ и потоа повторно се цитираат неговите ставови: „Беше осмислена поделбата на Косово и создавањето Голема Србија. Но, проектантите – осмислувачи на тој план Сорос, Вучиќ, Рама и Тачи не успеаја. Зоран Заев имаше двојно однесување во тој план. Од една страна, Заев не сакаше промена на границите, но од друга страна не го искажа толку отворено ова свое спротивставување. Но, тој наиде на спротивставување на претседателот на Македонија, кој кажа дека на тоа се спротиставува македонската држава. Неуспехот на напорите да се променат границите го извади од фиока планот за создавање ‘Мини Шенген’, кој ќе се преобрази во ‘Отворен Балкан’ – вели професорот Битиќи.“

Во анализата на косовскиот весник посебно се подвлекува следниот заклучок на албанскиот политички експерт: „Се работи за српско – соросовски проект и тој е опасен за Косово, за Албанија, за Албанците, но и за другите народи на Балканот, опфаќајќи ги не само Црногорците и Бошњаците, туку и Македонците. Заев е наивен играч на ова бојно поле, или е принуден да им се спротивстави на интересите на својата земја.“

Во изјавата за „Бота сот“ професорот Битиќи се осврна и на улогата на лидерот на ДУИ Али Ахмети во проектот „Отворен Балкан“: „Лидерот на ДУИ Али Ахмети се приклучи во ова заради српските интереси. Министерот на Али Ахмети во Македонија, Бујар Османи задржа став ‘за’ ‘Отворениот Балкан’, додека неговата косовска колешка Доника Грвала се спротивстави, означувајќи го проектот како опасност. Како и секогаш Али Ахмети се вовлече во сферата на српските интереси и поради оваа причина ја поддржува Владата на македонија во поглед на оваа иницијатива. Сигурно е и дека Али Ахмети има специјален однос со Еди Рама, заснован не врз националниот интерес, туку врз личен политички интерес.“ – пишува косовскиот весник „Бота сот“ во својата политичка анализа за заднината на проектот „Отворен Балкан“.

„Бота сот“ веќе објави дека Алекс Сорос, синот на Џорџ Сорос, лично присуствувал на Економскиот форум во Скопје, кога беше потпишан договорот за „Отворениот Балкан“. Нема информации која била целта на таа посета, ниту дали и што разговарал Сорос јуниор со Рама, Вучиќ и Заев.