ВМРО-ДПМНЕ не оди на Мечкин Камен

ВМРО-ДПМНЕ ја одби поканата на претседателот Пендаровски за заедничко чествување без говор на Илинден на Мечкин Камен.



Претседателот на државата Стево пендаровски упати покани до лидерите на сите политички партии за учество напрослава на Илинден на Мечкин Камен во Крушево на која за прв пат шефот надржават нема да има традиционално обраќање до граѓаните.

Од опозицијата велат дека одлуката на шефот на државата е срамен и недржавнички чин, оти Илиден треба да се одбележи со најголеми почести.

„Пендаровски со овој потег ја менува 30-годишната традиција на прославата за Илинден. Но кога некој човек нема визија за Република Македонија, не може ни да очекувате дека ќе има што да каже. И за тоа е ова резултатот. Навистина сме изненадени и ова е срамен и недржавнички потег“, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.