Новак Ѓоковиќ денес беше поразен во натпреварот за бронзен медал од Шпанецот Пабло Карено-Буста со 2:1 во сетови (6:4, 6:7 и 6:3).
Се чини дека Ѓоковиќ се уште бил под шокот од вчераниот пораз од Александар Зверев во полуфиналето.
Освен тоа тој заедно со Нина Стојановиќ нема да се борат во комбинација за бронза на Олимписките игри во Токио.
Бронзениот медал така без борба им припадна на австралиската двојка Ешли Барти – Џон Пирс.







