Претседателот Стево Пендаровски нема да го потпише Изборниот законик кој предвидува собирање потписи од 2% од избирачите во општината за независни кандидати да можат да учествуваат на локалните избори.



„Нема логика јас како претседател и највисок орган во државата да се кандидирам со 10.000 потписи, а толку да треба и за советници во Град Скопје.

Не може изборите да се распишат на 6 август, а два дена пред тоа да се носат измените”, рече Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање.

Пендаровски смета дека измените во Изборниот законик треба да бидат подобрени со амандмани.

Најголема забелешка според Пендаровски е прагот од 2% за независните листи, со оглед на препораката на ОБСЕ од 1%.