Лидерот на ДУИ Али Ахмети одговорил позитивно на поканата на претседателот Стево Пендаровски и ќе присуствува на годинашнава прослава на Илинеден во Крушево.
Пендаровски упати покана до лидерите на сите политички партии во Крушево на Мечкин камен на 2. Август.
Оваа година во Крушево нема да има говор на претседателот Пендаровски, а чествувањето ќе биде после 18 часот за да можат да присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој според системот на ротација годинава треба да биде на одбележувањето на празникот во Скопје а премиерот Зоран Заев – во Пелинце.
Годинашнава програма ќе почне со читање на илинденски пораки и Крушевскиот манифест. Пораките ќе ги чита актерот Никола Ристановски, потоа ќе настапи Влатко Стефановски. По нив следуваат настапите на Танец, на Албанскиот ансамбл и на Воениот оркестар.







