Македонски воз стана интровертен (ТВИТ НА ДЕНОТ)

Меѓу народот која дал писменост на пола Европа има луѓе кои не ги знаат основните јазични правила.



Во информација од Македонски железници за возот кој сообраќа од Скопје до Кичево наместо да биде напишано дека возот нема да сообраќа се вели дека возот нема да се обраќа.

Затоа на шега сега се бара патниците да не му се обраќаат на возот затоа што нема да добие одговор.

Зошто возот кој е една од малкуте функционални линии во земјава нема да сообраќа е посебна приказна.