Во Прилеп на пат за настанот каде се промовираат политики на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата Христијан Мицкоски доживеа сообраќајна незгода, објави порталот Курир.
– Како што дознаваме, сообраќајката се случила откако непознато возило удрило странично во возилото во кое се превезувал Мицкоски, извести Курир.
Причинета е помала материјална штета и нема повредени во сообраќајката, освен помал потрес причинет од ударот на двете возила.
Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека Мицкоски се чувствува добро и веднаш по незгодата се обратил на настанот пред прилепчани.





