Соопштено е името на регионалната иницијатива што досега беше неформално нарекувана „Мал Шенген“.



Новото име „Отворен Балкан“ беше соопштено на денешниот Регионален економски форум на кој присуствуваат премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, српскиот претседател Алксандар Вучиќ, претседатели на стопанските комори од регионот, како и претставници на преку 300 компании.

Отворен Балкан“ почнува нова ера на соработка во регионот која ќе покаже дека земјите од овој дел на Европа се способни да одлучуваат сами за себе, оценија Заев, Рама и Вучиќ.