Маричиќ: Ако независните имаат поддршка, 2% потписи не се недостижни

Министерот за правда Бојан Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање вели дека не се недостижни 2% потписи на независните кандидати, доколку навистина имаат поддршка.



Прашањето се однесува на потегот на големите партии кои во очи локалните избори сде договорија да го сменат Изборниот законик и да ги условат независните кандидати да мора да обезбедат потписи од 2 отсто од гласачите во општината, за да може да се кандидираат.

„Не се недостижни два процента потписи од вкупниот број запишани избирачи во една општина, за учество на локалните избори, ако независните кандидати навистина имаат поддршка“, смета Маричиќ.

Изборниот законик, заедно со новиот модел со полуотворени листи што се планира да стартува на локалните избори наесен, усвоен е од Владата по претходен договор на парламентарните партии веќе денеска група пратеници треба да го предложат во Собранието.

Првичниот предлог на Министерството за правда бил процентот за учество биде 1 отсто, но на тоа, партии што не сакаше министерот да ги именува, ускокнале со предлози од 5 и од 3 отсто потписи обезбедени, заверени на нотар и поднесени во ДИК. Компромис бил постигнат на 2 процента.