Македонка по потекло настапи за Австралија на ОИ во тениски двојки

Елен Перез, чија мајка е Македонка, а татко Шпанец, обајцата австралиски државјани, ги бранеше боите на Австралија во женски двојки на тенискиот турнир на Олимписките игри во Токио.



„Здраво на сите! Не сум сигурна дека ова е дозволено, но додека ги гледаме Олимпијадата и Дејан како освојува сребро за Македонија (големи честитки за него!), сакав да ги споделам следните олимписки вести. Јас сум Македонка родена во Австралија од родители што мигрирале во Австралија пред 55 години и мажена сум за Шпанец роден во Австралија. Нашата ќерка Елен Перез беше селектирана во австралискиот олимписки тим како играч во двојки заедно со Сем Стосур. Таа растеше горда на македонските и на шпанските вредности“, објави Миц Перез на Инстаграм.

Нејзината и ќерка на Џон Перез, Елен, во дубл со Саманта Стосур стигнаа до четвртфиналето, во кое денеска загубија со 6-4, 6-4 од швајцарската двојка Белинда Бенчиќ и Викторија Голубиќ.

Елен Перез има 25 години, игра со левата рака и на ВТА-листата е на 50. место во двојки (во август лани беше 40.), како и на 219. во поединечна конкуренција (162. пред две години). Има освоено два трофеи во дубл – Гвадалахара годинава и Стразбур лани.