Заев: ЕУ да се јави кога ќе биде спремна за преговори… (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев вчера пак повтори дека Македонија ги исполнила критериумите за започнување преговори и дека ЕУ треба да се јави кога ќе одлучи да ги започне.



„Реков, тоа е работа на ЕУ. Кога ќе решат да го продолжат овој процес, јавете ни се. Во меѓувреме, ние продолжуваме со европеизација тука “, рече Заев пред новинарите.

За изјавата на претседателот на Бугарија Румен Радев дека постои системско кршење на човековите права на граѓаните од бугарско потекло во Македонија и дека Скопје мисли само дека ги исполнува критериумите за започнување преговори со ЕУ Заев рече дека нема да реплицира.

„Целиот свет зборува во суперлативи за начинот на реализација на едно и еднакво општество за сите“ во с. Македонија вели Заев.

„Зоран Заев се појавил на манифестации на бугарските здруженија, многу повеќе отколку на македонски, албански или турски здруженија. Подигнавме споменик на полковник Гарванлиев, сме покажале респект насекаде, затоа што се работи за наш сосед и за граѓани Бугари во нашата земја и ние немаме проблем со тоа. И, навистина, целиот свет во суперлативи зборува за начинот на релизирање на едно и еднакво општство за сите. Што било што претставува забелешка, ние сме подготвени да ја адресираме, но не може политички претставници да повикуваат и да зборуваат за политики и оттука да влечат заклучоци за одредени права или не. Дај да видам колку пати нивните политичари од Бугарија се појавиле на одредени манифестации на помалку бројни заедници во Бугарија. Јас, Пендаровски, Џафери, министрите, насекаде сме се појавувале, во кој било регион од државата, на какви било културно-историски манифестации, на одредени форуми, конференции, секојпат со респект. Така што, најважното на кое треба да се посветиме е да овозможиме на младите да не се мразат, историјата што денеска ја пишуваме е најважна“, вњели Заев.