Фреди во филмската верзија на „Боемска рапсодија“

Во филмот, чија премиера е закажана за 25. декември 2018 година, ќе бидат користени гласовите на Фреди Меркјури и Брајан Меј. Режијата на филмот ја потпишува Брајан Сингер, а сценариото е напишано од страна на Ентони Мекартен.



Главната улога во филмската биографија за фронтменот на култната група “Queen” ја доби Рами Малек. Тој минатиот викенд ја снимал сцената од Live Aid концертот, кој се одржал во Англија во 1985. година.

“Кога ќе отвориш очи и ќе видиш како во огледалото те гледа сосема другa личност, тоа е многу охрабрувачки момент”, рече Малек за Entertainment Weekly.

Филмот ја прикажува приказната за Фреди Меркјури откако се здружил со Роџер Тејлор и Брајан Меј. На самиот сет присуствувал и самиот Меј, кој како еден од продуцентите на филмот, го надгледувал снимањето.