Одговор на пратеникот Петрушевски: Лажниот Че Гевара е истурена маша на Заев

Откако беше директно нападнат дека е причина за поразите на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово пратеникот на Бране Петрушевски обвинува дека партијата Левица е понтонскиот мост на Заев во опозицијата и дека главна задача на Левица е глумењето на опозиција и нејзино слабеење.



“Нејзиниот лидер Димче Апасиев е човекот кој беше советник во криминалното СЈО. Од соборец на Заев до советник на Катица е неговата кариера во политиката.
Од друга страна лажниот Че Гевара на Заев покрај тоа што е истурена маша, е и лажен револуционер. Че Гевара од човек со хонорари од СЈО, потопен во лукзус и раскош седејќи во скутот на Заев, не бива.
Од тука па во иднина ставовите на Левица треба да се гледаат како ставови кои се на услуга на Заев”, пишува Петрушевски кој смета дека задачата на Левица е да послужи на Заев како фиктивна опозиција која треба да го раздели опозициското ткиво.

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Апасиев и Левица се најпосакуваното нешто на Заев.

“Впрочем таквата лажна опозиција се што правеше изминатиов период е пишување статуси на фб, по некоја пцовка, соблазнување, и празна реторика. Тоа е понудата на ваквата лажна опозиција”, пишува Петрушевски.