За Заев Дејан не е македонски туку “наш олимпиец”

Премиерот Заев не ја употребува придавката македонски во контекст на сребрениот медалист од олимпијадата во Токио.



Наместо македонски го именува како нашиот без да каже што значи тоа “нашиот”.

“Му честитам на нашиот олимпиец Дејан Георгиевски, кој стигна до финалето и ќе се бори за злато во таеквондо на #Tokyo2020. Денешниот натпревар ќе го донесе првиот медал за Северна Македонија на #TokyoOlympics, сите се надеваме дека ќе биде златен! 🥇🇲🇰”, пишува Заев користејќи ги хаштазите:
#TeamMKD #MKD #MKDOlympics.

Во коментарите дел од твитерџиите не се нежни кон Заев.

За разлика од Заев кој не користи Македонија без Северна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својата објава четири пати го употребува зборот Македонија.

“Историски резултат на Дејан Георгиевски. Сребро за Македонија!

Дејане шампионе донесе радост на Македонија. Вака се сака и брани црвено жолтата, со чест, со одлучност и достоинство.

Денес таеквондо Бутел се радува, Македонија може да слави”, пишува Мицкоски кој го користи хаштагот
#МакедонијаШампиони.