Фудбалската репрезентација на Македонија забележа напредок на најновата ФИФА ранг листа. Според најновото нејзино издание ние сме за 32. позиции подобро пласирани и се наоѓаме на 103. место. Причина за ваквиот скок се добрите натпревари и резултати против Израел (0-1) и Албанија (1-1), во кои остваривме победа и реми.
Ова е огромен скок и не носи на границата од првите сто селекции, што е далеку подобро од пред една година кога го допревме дното и бевме 166.
На врвот сега лидер е Германија, потоа следи Бразил, па Португалија, Аргентина, Белгија. Нашиот следен противник селекцијата на Италија се наоѓа на 17. позиција.




