Кој му ја исклучи струјата на премиерот (ТВИТ НА ДЕНОТ)

Владина објава за посета на премиерот Заев иницира вирална реакција на социјалните мрежи откако една од фотографиите покажа дека направата на која тој нешто работи пред камерите воопшто не е приклучена во струја.



Дел од ироничните коментатори бараат да се најдат тие што го извадиле кабелот од штекер.

Други пак тврдат дека фотографијата е вистинската слика за тоа како функционира македонската влада.

Владата пред два дена се пофали дека реконструирала училиште.