Обвинителството е изненадено од ниските казни кои денеска им беа изречени на обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“ кои беа осудени на вкупно 25 години затвор.
„Казните се многу ниски, судот не смееше да си дозволи пресуди пониски од 10 години затвор“, изјави обвинителката Гордана Смаќоска, по донесувањето на пресудите за организатори на 27 април и најави жалба.
Смаќоска вели дека е изненадена, бидејќи во претходната пресуда за извршителите на насилниот чин се изрекоа многу високи казни.
„За споредба, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за полесно кривично дело, за кое е пропишана казна до 10 години затвор, доби казна од 7 години“, рече Смаќоска.







