Ќе останат ли неказнети владините функционери кои според извештајот за инвестиции на американскиот Стејт Департмент се инволвирани во коруптивни активности во контекст на носење, толкување и имплементација на законите во оваа област.
“Додека водењето бизнис е генерално лесно во Северна Македонија и правната рамка е во голема мера во согласност со меѓународните стандарди, корупцијата е постојан проблем. Извештајот за деловно работење на Светска банка во 2020 година ја рангираше Северна Македонија на 17-то место во светот за водење бизнис, со пад од седум места во однос на претходната година. Fitch Ratings го намали претходниот кредитен рејтинг на Северна Македонија од BB + со стабилна перспектива на BB + со негативна перспектива, а Standard & Poor’s го потврди својот кредитен рејтинг на BB- со стабилна перспектива. Големите странски компании кои работат во технолошките индустриски развојни зони (ТИРЗ) генерално пријавуваат позитивни искуства за инвестиции и одржуваат добри односи со владини претставници. Сепак, целокупното регулаторно опкружување на земјата останува сложено и честите регулаторни и законски измени, заедно со неконзистентно толкување на правилата, создаваат непредвидливо деловно опкружување погодно за корупција. Владата генерално спроведува закони, но има бројни извештаи дека некои официјални лица остануваат ангажирани во коруптивни активности. Транспаренси Интернешнл ја рангираше Северна Македонија на 111 место од 180 земји во својот Индекс на перцепција на корупција во 2020 година, што е за 5 места подолу од претходната година и 13 за разлика од претходната година, со резултат 35/100 во апсолутна вредност”, пишува во извештајот на Стејт Департментот.
Извештајот излезе минатата недела и во него јасно стои дека има владини функционери ангажирани во коруптивни активности но досега ниту владата ниту јавното обвинителство не најавуваат истрага или процес против овие луѓе за кои сведочат меѓу другите и американски бизнис фактори.





