Извршниот директор на тутунската компанија „Филип Морис интернејшнл“, Јацек Олчак ја повика bританската влада да ги забрани цигарите во рок од една деценија, вклучително и брендот „Маrлборо“, кој го произведува оваа фабрика, јавува Гардијан
Според него, компанијата може „да го види светот без цигари“, а всушност, колку побрзо тоа се случи, толку подобро за сите.
„Цигарите треба да се третираат како бензинските автомобили, чија продажба треба да биде забранета од 2030 година“, вели Олчак.
Тој смета дека Владата може да ја запре конфузијата кај пушачите, од кои некои сè уште сметаат дека „алтернативите се полоши од цигарите“.






