Патничка на „Американ ерлајнс“ била уапсена во авион во Њу Орлеанс откако одбила да носи маска.
Двајца вооружени полицајци се качиле во авионот и ѝ наредиле на жената да го напушти бидејќи таа одбила да стави маска, што претставува кршење на федералниот закон за комерцијални летови.
„Никогаш не сум видел такво нешто“, изјави Патрик Мани, патник во авионот, инаку професор по историја Патрик Мани, за еден локален весник
„Таа одби да стави маска, а потоа и рекоа да стане. Таа започнала да вреска и да пружа отпор додека ја апсеаи и ги врзаа рацете зад грб. Продолжи да вреска десет минути додека ја привведуваа“, додаде Мани.
Таа упорно повторувала дека не е животно и дека не сака да ја третираат како животно.
Уапсената жена се соочува со вознемирување на јавниот мир, отпор при апсење и мал физички напад.







